АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Несекојдневно доживување со ансамблот „Македонија“ на Широк Сокак, вечерва на отворањето на Локум фест во Битола.
Членовите облечени во староградски носии тргнаа на дефиле од старата битолска чаршија до плоштадот Магнолија, со што официјално се отвори 13-то издание на Локум фест.
Битолчани воодушевни од нивниот настап застануваа да ги видат и фотографираат. Потоа програмата продолжи во старата чаршија која беше преполна со љубители на старградската музика и чалгја, а присуствуваа и многу наши иселенци дојдени на одмор во родниот крај.
Со ова Локум фест потврди дека го негува и развива културниот туризам во Битола.
Локумот по кој што фестивалот и го носи името, вечерва се трошеше како алва.