Валентин Груевски-Градскиот стадион добива нов лик

Јули 21, 2019

Нов лик добива северната трибина на стадионот во Битола, вели Валентин  Груевски, претседател на Советот  на Општина Битола, според кој  ако се продолжи со  работа  со сегашното  темпо напролет битолчани  ќе имаат комплетно нова трибина.

-Продолжува со засилено темпо изградбата на стадионот во Битола. Во наредните два месеца треба да биде донесена трибината до фаза на карабина, а потоа и занаетчиските работи. Ако се продолжи со ова темпо, напролет  би требало да заврши изградбата на комплетната северна трибина. Вкупната инвестиција е 5,5 милиони евра, а сите пари ги обезбедува Општина Битола. Ланската година беа платени 1,1 милиони евра, а во текот на оваа и наредната ќе се плати остатокот од парите, изјави за апла.мк претседателот на Совет на Општина Битола Груевски.

2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани