2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Kaj Жито Битола бил млинот на Исмаил бег кој прв изградил парна мелница во градот

Јули 19, 2019

На местото каде што е денешна Жито Битола од памти век имало млин. На тоа место се наоѓал еден од првите млинови во Битола и му припаѓал на богатиот Исмаил бег кој живеел за време на Османлиската империја. Ова е само дел од податоците за животот во Битола во турско време што со публиката на Локум фест ги сподели студентот по историја Васко Гичевски кој има пасија да го истражува отоманскиот период.

 

„Жито Битола e млинот на Исмаил Бег, еден поприлично богат човек, кој ја изградил првата парна мелница во градот и таа подоцна опстојувала и во Кралска и Социјалнистичка Југославија, а опстојува и до денес. Спроти се наоѓало и училиште за занаети, направено за да може да опсужува 30 000 војска стацонирани во битолските касарни“, рече Гичевски.

Тој е еден од учесниците на годинешниот Локум фест каде зборува за Битолските фермани и прави обид да ја афирмира социјалната историја, односно онаа историја што е од народ за народ, историја која се уште е жива, бидејќи како што вели, на секаде околу нас е присутно османлиското наследство.67345294 2358915801049649 1825630343709851648 n

Зачуваните податоци за млинот и големиот број на дуќани во 19 век и почеток на 20 век всушност сведочат за големиот економски развој на Битола во тоа време.

„Избрав шест фермани од 19 век, најстариот од 1831 година од султанот Махмуд Втори Реформаторот, а најновиот од 1904 година од султанот Абдул Хамид Втори. Се однесуваат претежно на живеењето во Битола. На пример ферманот на Махмуд Втори е за уредувањето на пазарниот ден. Според овој ферман, определено е работното време на пазарот  да се премести од недела во сабота. Чаршијата и тогаш била место каде се собрирале луѓе и разменувале идеи и стоки. Во битолската чаршија во 19 век и почетокот на 20 век егзистирале 1500 занаетчиски дуќани што за денес е незамислива бројка“, рече Гичевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани