АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Возбудлива е приказната на шарматната Надја Петровиќ, познат ликовен уметник. Таа живее на релација Битола - Фиренца каде што студирала. Повеќе од 7 години, Фиренца е нејзиниот дом поради студиите и работа во галерии и изложби. Последната година поради излагања надвор и одредени ангажмани, повеќето од времето таа го поминува во Македонија.
Надја е инаку битолчанка, родена во 1991. Магистер по ликовна и визуелна уметност станала на Академија на убави уметности во Фиренца, а на истата Академија дипломирала сликарство во 2013 година. За важен дел од своата сликарска приказна ја смета летната школа на Central Ct Martins collage of art and designe Лондон која ја завршува во 2009 година. Има учествувано на повеќе групни и самостојни изложби во САД, Англија, Италија, Австрија... Нејзино дело е употребeно за театарска претстава на на хрватскиот режисер Бранко Брезовац за претставата Травничка Хроника 2012.
* Бевте поканета со Ваши дела да учествувате на Биеналето во Венеција, кажете ни нешто повеќе за тоа искуство.
- Бев поканета да учествувам на еден додaтен настан на Биеналето во Венеција кој се одвивaше во еден од главните павилјони (Palazzo ca’Zenobi) каде беа сместени неколку земји претставници како Грузија, Тибет, Исланд, Литванија, Ерменија. А оваа палата е позната е и по музичкиот спот на Мадона од 1984 година, „Like a Virgin“.
* Кога за прв пат ја откривте љубовта кон уметноста, кога го нацртавте Вашиот прв посериозен цртеж?
- Првите допири со ликовната уметност ги стекнав на 7 годишна возраст првпат во ликовното студио Мал битолски Монмартер. Таму како активен член бев добитник на многу локални национални и меѓународни ликовни натпревари. Добив две златни плакети во Македонија, златна медалја во Португалија, сребрена медалја во Кина и прва награда во Бугарија.
* Како се движеше Вашата интернационална кариера?
- Активно со излагања, а и често добивам покани, но не можам да прифаќам сѐ. Не од арогантни причини, бидејќи многу ми е битен квалитетот и целиот тим кој стои позади таа организација, се трудам да биде на вистинско мести, во вистинско време со вистински тим и куратори.
* Што е според Вам најголемиот успех во оваа работа?
- Сите излагања и настани ми се драги, но ако требал да одберам тоа би било излагањето за првпат во музеј и тоа во Biggs museum of American art. Бидејќи сум единствена која не е Американка, а имаше излагање таму, и бидејќи е музеј на Американска уметност.
* Кои светски медиуми пишуваа за Вас?
- Од печатените реномирани магазини: „Art in America“ во годишниот водич за 2019, кој се дистрибуира во сите музеи и галерии низ Америка. Потоа „Spotlight magazine“, „Luxus Lifestile Business mmobilien“. Обично и кога излагам надвор како на Аrt San Diego кој е еден од нај големите настани покриени од музеj на современа уметност во Сан Диего и неможе да се знаее точната бројка на списанија кои ги следеа излагањата но во секој случај веќе втора година сум еден од главните артисти на настанот. Медимуми кои го покриваа настанот се New York Daily News, San Diego Magazine, Southern California Magazine и многу други.
* Како ја дефинирате Вашата уметност, што Ве инспирира?
- Во моите дела преовладува фигуративна уметност со елементи на концептуална уметност. Мојата уметност е дериват на истражување што паралелно го правам во антропологијата и психологијата, затоа како главен елемент во моите дела е човекот и неговите емоционални состојби. Во моите дела често ќе наидете на симболи и знаци и натписи кои даваат акцент на меѓукултурните споредби. Секако психологијат е тесно поврзана со антропологијата.
* Најголемите светски уметници се мажи, дали Вашата професија ја сметате за условно речено машка и тешко ли е за жена да успе во „машкиот свет“?
- Само многу мал број во историјата се жени, а и во современата уметност, процентот на жени во уметноста е екстремно мал. Но тоа нема врска со половата разлика има врска со интелектот и колку се спремни да се посветат на тоа, а дефинитивно е многу тешка професија бара многу работа, многу знаење, многу истажувања научни и идејни.
* Следни планови и замислена цел?
- Во план е нова самостојна изложба со нова серија на слики, која е во план да биде објавена до крајот на 2019 година.
* Што друго Ве прави среќна освен уметноста?
- Истражувањето што паралелно го правам во антропологијата и психологијата ме прави среќна, а и преголемите ангажмани со работа, учење, истражување кое мора константно да го надоградуваш, не останува време за дополнителни активности.
Интервјуто е преземено од Женски магазин
https://zenskimagazin.mk/imav-izlozba-vo-palatata-kade-shto-madona-snimashe-spot-intervju-so-nadja-petrovikj#