АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ослободителна пресуда за кривичното дело несовесно работење во службата му изрече Основниот суд од Битола на екс- градоначалникот Владимир Талески, потврдија од судот за Апла.мк. Овој судски процес се водеше по обвинение од Основното јавно обвинителство против Талески дека дури бил градоначалник не водел грижа за зградата на Офицерскиот дом во Битола и лустерот во него, не го обезбедил објектот и не презел се’ со што било потребно за негова заштита, па нанел штета на Општина Битола. Судот за овој процес уште на 14 февруари годинава донел ослободителна пресуда, но од таму посочуваат дека е првостепена и не правосилна.
За другиот судски процес што против Талески се водеше исто така во Онсовниот суд во Битола за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување изречена му е алтернативна мрека, односно условна казна со утврдена казна затвор од една година и рок на проверка од три години. Предудата била донесена во јули година и не е правосилна, велат од судот за Апла.мк.