АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Низ Широк Сокак денес се одржа Розов марш за борба против ракот на дојка на кој многу битолчанки зедоа учество, а го организираа здруженијата ,,Златно перо", ,,Јасмин" и други нво организации.
,,Апелираме за превентивни прегледи на дојка кај жените. Октомври е месец на борба против рак на дојка. Од она што го имам како информација без некоја детална истражувачка статистика многу малку жени одат на превентивни прегледи. Но, се надевам дека маршот и хуманитарниот панаѓур ќе поттикнат да има што повеќе прегледи, подобро да превенираме отколку да лечиме", рече Наумовска Јулијана од здружението ,,Златно перо".
Анета Димитриевска претседател на здружението Јасмин за поддршка на заболени лица рече дека во Битола голема е бројката на болни и според последните статистички податоци има над 2000 лица болни од различен карцином.
,,Последните неколку години како да расти свеста кај луѓето дека превенцијата е многу важна. Во Битолската болница е донесен и нов апарат за ехо на дојка и можат да се вршат прегледи на нова апаратура. Многу од жените стравуваат да одат на прегледи, но стравот не смее да биде пресуден. Поаѓајќи од себе како онколошки пациент, секој човек треба од својата психа и моралитет, да се соочи со проблемот, а потоа да побара помош од сите релевантни институции", рече таа.