2win800x200

Отворен клубот на пензионери во Битола

Март 06, 2020

Во просториите на Здружението на пензионери од Битола денес беше отворен Клуб на пензионери. На отворањето присуствуваше вицепремиерот за економски прашања  Мила Царовска, претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија Станка Трајкова и градоначалничката Наташа Петровска. 

Томе Димитровски претседател на Здружението на пензионери во Битола рече дека пензионерите добија свое ново катче за дружба. 

"Овој клуб на пензионери ќе биде пријатно место и катче каде пензионерите ќе имаат можност своето слободно време да го минуваат дружејќи се, читајќи весници, гледајќи телевизиски програми, разговарајќи за актуелни теми, играјќи шах, домино, табла, популарниот битолски бељот, а ќе можат да се освежат и со безалкохолни пијалаци. Во клубот ќе се организираат трибини, советувања, едукативни работилници и други предавања интересни за пензионерите. Соработката со Општината ќе ни овозможи да отвориме и други клубови по месните заедници каде за тоа има услови“, рече Димитровски. pezni 3

Царовска рече дека за две и пол години пензиите се покачени за околу 1800 денари без политичка злоупотреба, туку како што економијата расте , така пензионерите го добиваат заслуженото. 

„Како влада покажавме дека се трудиме да го подобриме економскиот статус и квалитетот на живеење за секој еден граѓанин. Ние се погриживме и пензионерите да добијат еден стабилен пензиски систем кој се грижи и за идните пензионери и оние кои добиваат пензии , тие да бидат соодветни и да растат во континуитет согласно економијата во нашата држава. Токму затоа со јануарската пензија, исплатена во февруари, сите пензионери на сметките добија по 722 денари дополнителни од оние стандардни законски услогласувања кои секоја Влада по закон мора да ги исплаќа. Ние бевме чесни и 2017, 2018 и 2019 година законските услогласувања ги исплаќавме. Но, кога економијата се подигна и минималната плата порасна за 15 проценти за само една година, а просечната за 5 проценти, тоа беше минатата година, рековме дека пензионерите заслужуваат да имаат трето вонредно зголемување на пензиите кое директно ќе го врати зголемувањето на проходите кај работоспособното население за вредноста на пензиите да ја задржиме. Воведовме стабилен пензиски систем со покачени пензии“, рече Царовцска. 

Станка Трајковска, претседател на Сојузот на пензионери на Македонија рече дека ова е крајно позитивна и корисна работа зашто ограноците и пензионерксите клубови се места каде се одвива и пулсира реалниот пензионески живот. 

„Сојузот ја подржува политиката на изградба на пензионерски клубови и на ниво на сите здруженија веќе имаме над 410 клубови, а ете и овој клуб се приклучува кон семејството на пензионерските клубови на ниво на нашата држава. Со отворањето на клубот се гледа дека се гради сериозен однос кон членовите пензионери бидејќи се создаваат услови за достоинствен живот и социјална интеграција на корисниците на пензија. Ова придонесува да се води активен живот во третото доба“, рече Трајкова.    pezni 2

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека е горда што во Битола се отвора ваков клуб и дава успешен пример како треба парите од пензионерите да бидат за пензионерите.

„Преходно направија и пристапна рампа кон просториите на  здружението, со што покажаа дека парите на пензионерите треба да  завршат во финкција на пензионерите. А нивната намера за отворање на клубови на пензионерите во месните заедници покажува дека се сериозни во воведување удобни услуги за своите членови. Со нецелосно довршен мандат покажавме успешна реализација на социјални политики кои ги тангираат најмногу ранливите категории и во таа насока можеме уште многу да направиме“, рече Петровска. pezni

Ж.З 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани