2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Земи здив“ нема да зема учество на формални и неформални политички собири

Март 10, 2020

Почитувани граѓани на Битола,

Сакаме да Ве известиме дека Платформата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух ЗЕМИ ЗДИВ Битола на денешната седница на Управниот одбор донесе Одлука со која за време на предизборната кампања за престојните предвремени парламентарни избори, ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ како правен ентитет - НЕМА да земе учество на никакви јавни трибини, дискусии, тркалезни маси или разни политички настани организирани од страна на политички партии, независни листи или било какви формални и неформални политички собири. Оваа Одлука не го исклучува правото на основачите на Платформата индивидуално да бидат дел од вакви настани, но тие немаат овластување да ја претставуваат или да зборуваат во име на Платформата.

 

Оваа одлука беше едногласно и заеднички донесена од причина што сметаме дека прашањето за чистиот воздух е прашање по кое не смее да постои политиканство и политичка манипулација. Ние постоиме за Битолчани и се формиравме со цел постојано да ја имаме информацијата за тоа каков воздух дишеме и оваа наша задача е приоритет кој не зависи од политичкиот субјект која е на власт.

Платформата ЗЕМИ ЗДИВ и нејзините основачи се секогаш отворени за соработка и со задоволство ќе ги прифатиме сите покани за учество во процесите на креирање на политики и креирање на мерки за справување со проблемот на загадениот воздух на локално и национално ниво кои ќе следат во периодот после изборите, а податоците кои ги генерираме преку нашата мрежа се достапни за сите оние на кои ваквите информации би им биле од корист.

Срдечно Ве поздравуваме и се надеваме дека оваа наша Одлука ќе биде добронамерно прифатена од сите политички субјекти.

Со почит,
Платформа ЗЕМИ ЗДИВ Битола


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани