Webp.net gifmaker

Земи здив со препорака да се стартуваат мерките против аерозагадувањето

Декември 18, 2019

Од полноќ во Битола ќе биде надминат прагот на информирање, а според Платформата „Земи здив“ и прагот на алармирање и со тоа да стапат на сила препораките предвидени за намалување на аерозагадувањето.

Од Платформата „Земи здив“ апелираат до Општина Битола да го вклучи алармот и да превземе соодветни мерки за заштита на нејзините граѓани. Препораките кои треба да ги превземе се наведени на веб страната на Министерството за животна средина.

 

„Сакаме да информираме дека согласно Законските прописи и Уредбите на Министерство за животна средина и просторно планирање дефинирани се следниве прагови:

- Праг на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) со надминување на вредноста од 100 µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, и

- Праг на алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) кој според Законските прописи објавени во Службен весник бр.183/17 изнесува 150 µg/m3 среднодневна концентрација во текот на два последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период, a според информација на Општина Битола од 14 декември 2019 година се намалил од 188 µg/m3 и истиот изнесува 175 µg/m3 која треба да ја објаснат со објавување на Уредбата“, велат од „Земи здив“.

Според државната мерна станица Битола 2 во Битола на ден 16.12.2019 година среднодневната вредност е 171,9 µg/m3, а според досегашните вредности на ден 17.12.2019 година во моментот е 186,8 µg/m3.

Според мрежата на Земи здив податоците може да се види дека трендот е идентичен во периодите на зголемена аерозагаденост. Ова за нив е уште еден доказ дека податоците се веродостојни и можат да се следат во реално време на www.airly.eu/map/en/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани