АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пантелејмон Трпчевски ученик од четврта година во Горната гимназија на шести април во снег до појас се искачи до врвот Неолица на 1865 метри надморска височина. Тој за време на планинарскиот поход беше сам што значи ги почитуваше препораките на надлежните младите да не се збираат во групи. Поради снежните наноси тој ден скоро и да немаше планинари кои се искачуваа на таа релација.
Трпчевски кон Неолица се упати од селото Брусник..
„Условите беа тешки, снегот беше длабок и достигнуваше до колена, а на моменти и до самиот појас. Но, тоа не ме обесхрабри, па продолжив до врвот“, вели Трпчевски.
Од својот планинарски поход ни испрати прекрасни фотографии од зимската бајка сред пролет.
Кога времето добро ќе се испанира има време за сѐ. Истиот ден Трпчевски не го заборави онлајн часот по македонски јазик и литература преку апликацијата „Zoom“ (Зум) која беше организирана од професорката Соња Живковиќ Ѓоргиевска.