2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Гагачовска: Постапено е по сите протоколи, жално е што медицински лица собираат политички поени на грбот на пациентите

Април 16, 2020

Позитивен на КОВИД-19 е пацинет од Битола со психијатриска дијагноза кој претходно пет дена бил лекуван во Битолската клиничка болница. Пациентот прво бил прегледан на Одделението за ургентна медицина, па според симптомите хоспитализиран на Психијатриското одделение, па на Интерното одделение и на крај  по добиениот наод за КОВИД-19 префрлен на Инфективното одделение. Во изолација се 13 доктори, медицински сестри и болничари. Пацинетот бил примен на 10 април со психијатриска дијагноза, но без покачена температура. Откако во попладневните часови кренал температура и било утврдено дека на почетокот на месецот се лекувал во Дневната болница при Психијатриската болница во Демир Хисар, поради претпазливост му бил земен брис, а тој изолиран во посебна соба на Интерното одделение. Резултатите од брисот пристигнале дури вчера вечер по што бил префрлен нај Инфективното одделение во делот за третман на пацинети позитивни на КОВИ-19. Тој во моментот е во општа добра зравствена состојба и не агресивен.

Директорката на Болницата д-р Билјана Гагачовска вели дека при третманот со пацинетот биле преземени сите мерки според пропишаните протоколи за заштита на пацинетите и медицинските лица.

„Додека го чекавме резултатот бидејќи постоеше некаква веројатност се постапи со него како сомнителен пацинет и по целокупниот протокол, обезбеден со маска и ракавици по најкраткиот пат беше префрлен  на Интерно одделение. И за заштита на пациентот и на здравствените работници беше поставен во посебна соба изолиран од другите пацинети. Не се мешаше со другите пацинети, не користеше тоалет бидејќи беше поставен катетер и беше неподвижен и не излегуваше од собата. Влегувањето кај него беше по сите протоколи и ниво на заштита. Медицинскиот персонал кој е обезбеден со доволно заштитна опрема во болницата велгуваа облечени по протокол“, рече Гагачовска.

Откако синоќа пристигнал резултатот дека пацинетот има коронавирус, по сите протоколи, а вработените со скафандери го префрлиле на Инфективното одделение. Целиот пат и просториите каде престојувал дополнително се дезинфизирале и исчистиле.

Инаку поради ротација на смените, со работа започнал втор тим на медицински лица кои не се мешале со оние кои имале контакт сопациентот. 

Доцна синоќа на социјалните мрежи лица вработени во Болницата соопштија дека има пацинет болен од Ковид-19 кој претходните дена се лекувал во установата. Тие реагираа дека предолго се чекало за да се добие резултатот од брисот и дека не биле подготвени на потребното ниво. Директорката Гагачовска ги демантираше ваквите вести, рече дека е постапено по сите протоколи, а медицинските лица имаат доволно заштитна опрема. Го повика Државниот санитарен инспекторар да го провери случајот, а до СВР и Основното јавно обвинителство апелираше да постапат според процедурите за ширење на лажни вести. Воедно најави дека Клиничката болница ќе поднесе кривична пријава против лицата што ширеле лажни вести и паника. Таа изрази разочарување што медицински лица собираат политички поени на грбот на пацинетите.

„Слоганот поврзан со моменталната ситуација е „Не шири паника“, а би сакала да напоменам дека за жал голем дел од колегите социјалните мрежи ги гледаат како поле каде треба да се упатат за да добиваат аплаузи врз грбот на професијата што ја одбрале, да ја погазат заклетавата што ја дале , да ја заборават примарната улога што ја имаме во справување со оваа пандемија, а тоа е дискретност, пружање помош и ставање во сервис на граѓаните. Да не се шират лажни вести, да не се создава паника зашто тоа носи други реперкусии. Но, за жал некои колеги се многу упорни. Жално и срамно е да се собират политички поени врз грбот на пациентите, здравствените работници кои во овој момент пожртвувано работат“, рече Гагачовска. 

Во однос на коментарите дека четири дена се чекало за резултатот, директорката рече дека брисот бил земен следниот ден по примањето на пацинетот и веднаш испратен до Центараот за јавно здравје.

„Не можам да одговорам зошко и како се чекале резултатите, но да имаме предвид дека дневно стигнуваат материјали многу од целата земја и ние сме дел од оваа земја и не може нас да не прескокни оваа ситуација“, рече Гагачовска.

Ова е десетти пацинет позитивен на КОВИД-19 од Битола, а на Инфективното одделение се хоспитализирани осум пацинети и се во стабилна здравствена состојба. 

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани