АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Клиничката болница во Битола нема пропуст со лекувањето на пациентот за кого 5 дена се чекаше резултатот од КОВИД тестот, утврдил Санитарно-здравствениот инспекторат.
Директорката ДЗСИ Ирина Бухова вели дека имало два вонредни надзори и е утврдено дека патот на пациентот од ургентно, до психијатрија и потоа до интерно одделение, на крај до инфективно одделение во битолската болница, бил изведен со максимална заштита на персоналот, пренесува Телма.
Бухова тврди дека пропуст нема и за пациентот се грижеле определени луѓе од персоналот во изолирана соба и под максимална заштита.
Инаку пациентот со психијатриска дијагноза бил примен на 10 април, а при првиот преглед на ургентно одделение немал покачена температура. Потоа бил хоспитализиран илнпрегрлен на психијатриско одделение, па на интерно во изолирана соба, а следниот ден му било направено тестирање, затоа што пациентот веќе имал симптоми на вирусот.
Резултатот дека пациентот е позитивен беше добиен 4 дена подоцна на што имаше реакции од некои лекари во болницата, а од менаџментот рекоа дека постапувале по протоколите. Тогаш тој беше префрлен на Инфективно одделение, а секаде каде престојувал било извршено темелно чистење и дезинфекција, а 13 лица од медицинскиот персонал кои имале контакт се во двонеделна изолација и покрај тоа што носеле заштитна опрема.