2win800x200

85 годишниот битолчанец го победи коронавирусот

Април 24, 2020

85-годишниот битолчанец, кој беше штитеник на Домот за стари лица од Битола, по два добиени негативни резултати од анализата на брисевите, вчера беше пуштен од болничко лекување, потврди за Апла.мк директорката на Домот за стари лица Јулијана Котевска. 

 - Тој е во добра здравствена состојба, отпуштен е од болница, но нема да се врати во Домот за стари лица, туку оди на домашно лекување. Имаме забрана за прием на нови корисници, а исто така, забранета е посетата на корисниците кои престојуваат во Домот, изјави Котевска вчера за апла.мк

Тој во изминатите дваесетина дена се лекуваше во Клиничката болница во Битола. Се работи за судија во пензија, а семејството одби да зборува за случајот.

 

85-годишниот битолчанец бил сместен во Домот за стари лица во Битола на 18 март. Симптоми на болеста појавил на 2 април, а имал контакти со вкука која била дојдена во Битола од Германија. Откако резултатите од тестирањето биле позитивни тој бил хоспитализиран во Битолската болница, од каде минатата недела изјавија дека пациентот е во стабилна здравствена состојба, бронхо- пневмонијата е стабилизирана, но тој е повозрасен и има други здравствени заболувања кои немаат врска со коронавирусот.

Откако кај него беше констатирано дека е заболен од КОВИД-19, осум вработени од Домот за стари лица беа ставени во самоизолација, а брисевите на 20 штитеници излегоа негативни.

 

Досега 18  битолчани се заболени од коронавирус или вкупно 22 лице на теритиријата што ја покрива Центарот за јавно здравје од Битола, вклучувајќи ги и Кичево, Ресен и Демир Хисар.

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани