2win800x200

Врвот на заразата со КОВИД-19 помина, вели битолскиот професор Дејан Трајковски

Април 27, 2020

Пикот на заразата со КОВИД-19 во земјава помина. Врвот беше  три дена пред Велигден или за време на самиот празник, а сега кривата опаѓа, пишува во своите анализи редовниот професор од Техничкиот факултет во Битола, д-р Дејан Трајковски.

Тоа се математичко-статистички анализи без да навлегува во медицински аспекти. 

 ,,Регресиониот модел за вкупниот број на Ковид-19 случаи во Македонија утврди дека врвот на епидемијата кај нас се случил на Велигден, 19.04.2020.  Еден друг квадратичен регресионен модел (овој пат направен за дневната промена на бројот на случаи) утврди дека пикот на заразата всушност бил три дена пред Велигден, на 16.04, кога имавме дури 107 нови случаи. На тој ден црвената крива линија имаше максимум, по што започна да опаѓа, односно се забележа значително забавување на заразувањето. Друг важен показател за забавувањето е бројот на денови којшто бил потребен за дуплирање на бројот на инфицирани. Овој број бележи константно наголемување и моментално изнесува 17 дена. Споредувајќи со другите земји, гледаме дека кај нив врвот на епидемијата бил кога бројот на денови за дуплирање достигнал 12-13. Изгледа дека сме на добар пат, но не треба да се опуштиме и да ги занемариме мерките за заштита", анализира професорот Трајковски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани