2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолчанец еден од најголемите математичари, дипломирал за две и пол години, а докторатот прогласен за најдобар во Њујорк

Мај 14, 2020

„Тој мора да има комјутер во главата“, велат колегите за него. „Тој навистна е компјутер“, тврдат неговите професори зашто со бројките барата подобро отколку другите студенти. Ова е дел од написот за големиот математичар од Битола, Дочно Димовски, објавен во весник во поранешна Југославија 1976 година, од кој исечоци објави внукот на математичарот, Васко Димовски, на фејсбук групата „Стари битолчани“.

Според податоците соопштени од внукот, Димовски е роден 1954 година во Битола. Во учебната 1973/74 г. се запишува на Математичката група на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Дипломира во јуни 1976 г., за помалку од три години, со успех 9,87.

Инаку, Димовски бил стипендист на Титовиот фонд во Македонија. Преку овој фонд се стипендирале околу 300 студенти во земјава. Но, тој се издвојувал од другите, па дури бил и награден зашто, како што пишишува во весникот, првата година ја завршил уште во јуни, со просек близи 10. Потоа одлучил, а за тоа право му дал и статутот на Факултетот , веќе од јуни до септември да ги положи испитите од други години. Во октомври кога неговите колеги почнале со втора година, тој запишал трета. И за тие 12 месеци успеал да ги положи испитите од трета и четврта година, а во рок од 6 месеци и да дипломира. Просечната оценка на дипломската била 9,87.

„Математиката ја сакам од прво одделение. Уште од детството другарував со бројките и тие ми останаа најдобар другар. Ама, морам да кажам дека и многу работев , посебно на факултет, а тајната на успехот е во рбаотата“, изјавил Димовски за весникот чие име го нема на исечокот.

Текстот бил објавен во рубрика „Људи и крајеви“ од новинарирте И. Томовски и С. Тренчевски.

„За многу студенти кога ќе стасаат до дипломата, драгоцено парчле хартија во рацете, тоа значи знак за одмор. Меѓутоа, Дончо Димовски продолжи со работа. Вработен е во Математичкиот институт во Скопје, и со своите 22 години е најмладиот постипломец по математика“, пишува во весникот.

Неговиот внук во објавената биографија на „Стари битолчани“ напиша дека големиот математичар во 1980 година се запишал на докторски студии на Државниот универзитет на Њујорк во Бингамтон, САД, а докторирал во мај 1983 година. Неговата дисертација била наградена како најдобра во таа година на Универзитетот во Њујорк.

Ж.З.

(Пишувано според податоци од фб групата „Стари битолчани) 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани