Еден позитивен од скринингот во битолските градинки, дознава Апла

Мај 15, 2020

Лице вработено како технички персонал во битолска градинка е позитивно на КОВИД-19, потврдија од Центарот за јавно здравје за Апла.мк 

 

Заболениот бил евидентиран со помош на скининг тестирањето што се спроведува во Центарот за јавно здравје во Битола врз вработени во градинките.

Од Центарот за јавно здравје велат дека од 216 лица тестирани во Битола, пристигнати се ресултати за 111 лица, од кои само едно е заболено. Како и за сите други заболени, и за овој случај, се преземаат сите мерки по протокол и се испитуваат контактите. Се очекуваат резултатите и за други лица вработени во градинките. 

Вработениот од градинката е лицето заведено како нов заболен случај во денешниот билтен на Министерството за здравство. Тој е 26 пацинет од Битола со КОВИД-19, а во моментот активни се само седум случаи. Не се знае дали е поврзан со некој од претходните кластери или е сосема нов.  .

Ж.З.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани