АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Транспортен респиратор во вредност од 480 000 денари донираше Здружението на пензионери од Битола во Клничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола. Донацијата е обезбедена со средства на Здружението, а и раководителите на органите и телата во него се откажаа од средствата за април и мај за да бидат искористени во хуманитарни цели.
Донацијата ја прими директорката на Клиничката болница, Д-р Билјана Гагачовска, а ја предаде претседателот на Здужението на пензионери Томе Димитровски. Со ова продолжува воспоставената соработка меѓу здравствената установа и Здружението, кое и минатата година му донираше неколку значајни донации.
Ж.З.