2win800x200

Ковачевски: Повторно ќе славиме победи на РК „Пелистер“

Декември 28, 2017

На првата прес конференција на новата управа на РК „Пелистер“, претседателот на УО, Васко Ковачевски ги повика сите општествени чинители, бизнис секоторот и љубителите на спортот, да помогнат клубот повторно да биде силен и стабилен.

- Зедовме обврска како нова управа да ги стабилизираме сите состојби од финансиски, технички и спортски аспект и заедно со стручниот тим, играчите, спонзорите, во наредниот месец добро да се подготвиме за вториот дел од натпреварувачката сезона, бидејќи РК „Пелистер“ е спортски бренд на  Битола. Општина Битола како единствен акционер и финансиски помагател, издвои значителен сума  од Буџетот за 2018 година за РК „Пелистер“ со што  се овозможува стабилна финансиска подлога за нормално функционирање на нашиот  клуб. Ги повикувам сите чинители во Битола, сите јавни и општствени функционери, бизнис секторот, сите оние кои можат да му помогнат на ракометниот клуб и на спортот воопшто, да се приклучат. Битола заслужува да биде спортски град. Очекувам дека во нардниот период заедно со публиката ќе славиме победи, рече Васко Ковачевски, новиот претседател на Управниот одбор на РК „Пелистер“.

Во иднина интензивно ќе се работи со младинските категории, што  е основа на секое спортско друштво.  

-Целта е да го вратиме Пелистер онаму каде што му е местото. Обезбеден е поголем буџет со што се обезбедува  постабиелен ракометен клуб. Планот е да активираме што повеќе поранешни ракометари кои ќе работата со младите, за  ние сами да создаваме ракометари, рече   Сашо Шамбевски, извршен диркетор

Од управата најавуваат дека  на почетокот на сезоната ќе се направи ревизија на состојбите, по што ќе се прецизираат понатамошните чекори.

-Ништо не се изградило преку ноќ и потребно ни е време да го изградиме брендот повторно. За оваа година да завршиме на што подобро место, ќе има неколку играчи кои ќе го засилат    „Пелистер“,  но наша цел е излез во Европа. На почетокот на новата сезона ќе направиме една ревизија какви ни се можностите и што треба да напривем за понатаму, изјави тренерот Стевче Алушовски

Во Управниот одбор членуваат  личности на јавни функции, од бизнис секторот, спортисти, како и преттсавник на навивачката група Чкембари. Управниот одбор кои сега брои 9 члена,  ќе биде зголемен за уште неколку членови во наредниот период.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани