АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолачнецот Никола Дамески е дипломирн шумарски инженер, раководител на секторот „Јавно зеленило“ во ЈП„Комуналец“ во Битола. Вработените во ова јавно претпријатие под негово раководство го реализираат проектот „Цветна Битола“, со кој на повеќе локации низ градот никнаа нови цветни леи, а места каде до вчера имаше џбунови, денес се хортикултурно уредени и прилегаат на цветен рај.
-Имаме цеолосно нови цветни површини, а тоа се леите во паркот со поставен систем капака по капка, жардиниерите кај безистенот и кај Центарот за култура, каде беа џбунови, сега се засадени со цвеќиња и поставен е систем за наводнување. Нови цветни површини има и кај кружниот тек кај Веро, каде беше поплочено со бетон. Ние ги извадовме тој бетон и поставивме цветни садници, вели Никола Дамески.
Цветните аранжмани низ парковите и други локации низ Битола, ЈП „Комуналец“ ги реализиар со сезонски расад од сопствено производство. За таа цел, напаревни се 4 нови пластеници, а исто така во функција е ставен и стариот запоставен пластеник, со што се овозможи два производствени цисклуси на цветен расад, пролетен и есенски. Во наредниот период, веќе од јули, Комуналец ќе продолжи со засадување на нови леи, со што во текот на 10 месеци Битола ќе има вакви цветни аранжмани.
- Овие садници ги одржуваме со истите ресурси, само што ги модернизиравме и искористивме претходно запоставените. Со овие нови засадени локации, имаме 20 илјади нови садници повеќе отколку во претхоните години. Вкупно низ цел град имаме околу 25 илјади цветни садници. Во нив има сезонско цвеќе бегонија, џунџуле, воденичарка, петунија. Често се крадат цвеќиња, но ние следниот ден повторно ги засадуваме, вели Дамески
Често пати на социјалните мрежи граѓаните регираат после кастрењето на дрвјата, посебно на булеварите. За одржувањето на дрворедите, Никола вели дека се спроведува строго по прописи. Ги упатува граѓаните да видат како сега изгледаат дрвјата кои лани биле изрежани на тој начин поради долгогодишната запоставеност.
-Најдобар пример се дрвјата на улицата „Филип Втори Македонски“. Таму кастревме ланската година, сега може да се види во каква кондиција се тие дрвја. Мораше на тој начин да се искастрат, затоа што беа запоставени. Но, има разлика меѓу парковско и булеварско кастрење. Во парковите не се кастрени така, туку само во долениот дел, за да не пречат на луѓето. Булеварското кастрење се спроведува поради заштита од снежни навеви, ветар и др, и тоа се прави строго по прописи. За да се добие форма како што сега се дрвјата на улицата „Филип Втори Македонски“, потребно е да помини повеќе време. Следната година тие дрвја ќе бидат во полна кондиција, вели Никола Дамески, раководител на сектор „Јавно зеленило“ во ЈП Комуналец-Битола.
Е.М.