2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во Центарот за јавно здравје пристигна апаратот за тестирање за КОВИД-19

Јуни 02, 2020

Центарот за јавно здравје во Битола пристигна апаратот за тестови за КОВИД-19, донација од компанијата „Кромберг и Шуберт“ во износ од 1,8 милиони денари околу (30.000 евра). Апаратот беше неопходен за опремување на микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика во Центарот за јавно здравје во Битола.  Оваа инвестиција ќе биде многу важна не само за Битола туку и пошироко, зашто ќе биде прва лабораторија надвор од Скопје за КОВИД-19.

Сега секојдневно брисеви од Битола и околните општини се носат во Скопје и тоа создава големи трошоци.

Директорката на Центарот Елизабета Крстевска вели дека интензивно се изведуваат градежните работи и се надева дека лабораторијата наскоро ќе профункционира. .

 

Средства донираше и Општина Битола во износ од 600.000 денари (околу 10.000 евра) за обезбедување на просторни услови според потребните стандарди каде сѐ ќе се изведува бесконтактно.

Молекуларната микробиолошка лабораторија во Битола беше отворена во 2016 со средства на Центарот за јавно здравје. Таа е една од најсовремените во државата, но кога се опремувала не се правеле тестови за коронавирус. Таа е единствена лабораторија која работи со молекуларна микробиологија во Југозападниот Регион, но и во другите делови во земјава надвор од Скопје. Во неа веќе стандардно се врши детекција и типизација на ХПВ вирусот, кој е еден од најчестите предизвикувачи на рак на грлото на матката, како и утврдување на присуството на патогени пренесувачи на полови преносливи болести, како што се кламидија, трихомонас вагиналис и слично.

Ж. З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани