АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Од срце ја донираме оваа опрема“, рече бугарскиот амбасадор во нашата државата Ангел Ангелов, денеска додека донацијата од 17 скафандери за повеќекратна употреба заедно со бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов ја предадоа на Битолската клиничка болница.
-На иницијатива на Амбасадата и Генералниот конзулат, сите бугарски службеници во амбасадата и Генералниот конзулат собравме пари, лични средства за купување на заштитна облека, скафандери за докторите од прва линија кои што се борат со КОВИД, кои работат со пациенти со КОВИД. Облеката може да се користи по 50 пати. Тоа се 17 облеки, по 50 пати, што значи 850 работни денови за докторите на прва линија. Облеката е најмодерна заштита, која е направена специјално за КОВИД т.е опасноста за докторите е апсолутно минимализирана, при што вирусот не може да влезе во телото, а телото може да дише, изјави амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов.
Конзулот Иванов рече дека сите заедно ги отвориле своите паричници со цел да помогнат во борбата против коронавирусот.
-Во целиот свет погледите на луѓето с енаосечени кон медицинските екипи зошто реално тие можат да не спасат од вирусот. Така луѓето едни ракоплескаат за лекарите , други пејат песни, а ние што служиме во Амбасадата и Конзулатот решивме да ги отвориме паричниците и од наши лични средства направивме вака за трудот на лекарите во Битолкста болница да биде поефективен, побезопасен и повреднуван, рече конзулот Димитров.
Досега во КОВИД зоната се користеше заштитна опрема за еднократна употреба.
-Полека се подобруваат заштитните средства кои што се користат. Голема благодарност за овој нов вид и заштитен вид на скафандери, кои што многу ќе ни бидат добродојдени за работа во КОВИД зоната, бидејќи сега доаѓа лето и ќе биде многу тешко да се работи во таа опрема, а оваа облека ќе биде од голема корист за тимовите кои што работат во таа КОВИД зона, затоа што Битола е регионален центар и прима пациенти од целиот регион пациенти за хоспитализација и третман во инфективното одделение, изјави директорката Билјана Гагачовска.
Донацијата е прва од битолските конзулати за Битолкста болница која се однесува на кризата со КОВИД-19.
-Свесни сме сите дека се соочивме со еден голем предизвик и како човештво воопшто и токму заради тоа сите заедно здружено, можеме да се избориме и да излезиме од оваа глобална криза. Сакам да упатам голема благодарност и до амбасадата на Република Бугарија, меѓутоа и до генералниот конзулат во нашиот град, за укажаната поддршка и за донацијата која што ни ја даваат и која е од исклучително значење, особено затоа што Клиничката болница во Битола, регионално делува и затоа што докторите кои што се на првата линија заслужуваат да бидат најзаштитени. Она што е посебно значајно да го нагласиме во оваа прилика е дека станува збор за скафандери кои што имаат повеќекратна употреба. Токму тоа го донесе новата технологија со која расте соочувајќи се со овој проблем целото човештво заедно. Ме радува што токму наш сосед ја има развиено технологијата за изработка на вакви скафандери од најсовремен карактер“, изјави Наташа Петровска. градоначалник на Општина Битола.