АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На територијата на СВР Битола изречени се вкупно 244 прекршочни платни налози за непреземање мерки за лична заштита, соопштија од Битолската полиција. Ова се однесува за периодот пе пет дена, поточно од 4 до 8 јуни во Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево. Тие се казнети по член 6 став 2 од Уредбата за носење лична заштита и ќе треба да платат по 20 евра.
Во четири други градови изречени се повеќе платни налози од Битола. И тоа,на врвот на табелата е Струмица со 417 налози, па Охрид 356, Скопје 340 и Тетово со 288. .