АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Надлежните институции ќе го решат проблемот, велат од Црвениот Крст во Битола по синоќешната снимка објавена на социјалните мрежи во која непознати лица ги снимаат и обвинуваат дека со тоа што делат паќети во полициски час, поткупувале гласачи.
,,Само вчера ние разнесовме 140 паќети и поминавме 160 километри за да им помогнеме на социјално загрозени категории и лица кои имаат потреба од помош Ако некој сака да дојди да работи, да помага, а не вака да наштетува на акција која има за цел да понуди помош на граѓани меѓу кои има и деца со посебни потреби", рекоа за Апла.мк од Црвениот Крст во Битола.
Вчера, непознати лица од балкон во зграда на улица ,,Кочо Рацин" во Битола го снимија возилото на Црвениот крст како дели помош и коментираа дека се дели расипана зајачка салама и дека тоа е поткуп на гласачи и за тоа се оди во затвор.