АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За значењето на првото училиште на македонски јазик во Преспа, школото „Димитар Влахов“ во село Љубојно, денес во некогашниот школски двор зборуваа професорот Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, Елена Јовановска- Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, министрите за надворшни работи Никола Димитров и за дијаспората Едмонд Адеми.
Беше истакнат придонесот што школото го даде за развој на образованието во Преспа. Основното обвразование таму го стакнале седумдесет истакнати македонски лекари, понатаму едни од првите хидролози во Југославија, па професори, психолози, судии, адвокати, спортисти, музичари. На настанот присуствуваше и претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Училиштето кое долги години беше заборавено и разурнато ќе се обнови и ќе стане Центар за промоција на македонскиот јазик, соопштија од власта.
На 15 ноември 1945 година во ова училиште се одржал првиот час на македонски јазик во Преспа, и е второ училиште во Македонија, по она во кичевското село Подвис, каде се држела настава на мајчин јазик.
Денеска, на двегодишнината од потпишувањето на историскиот Преспански договор (на 17 јуни 2018 во селото Нивици на Преспанското Езеро) со кој се разреши тридеценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција, ќе почне трансформацијата на училиштето „Димитар Влахов“ во Центар за промоција на македонскиот јазик.