АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од денес со работа започна лабораторијата за молекуларна дијагностика во Центараот за јавно здравје во Битола која ќе врши тестирања за КОВИД 19. Ова е единствена лабораторија за вакви тенстирања надвор од Скопје. Се отвори со донација на фабриката „Кромберг и Шуберт“ која набави апарат во вредност од 30 000 евра, на Општина Битола со 10 000 евра и други донатори. Лабораторијата се подготви за само два месеца и исполнети се строгите критериуми според Светската здравствена организација, по што од Кадлежната комисија добија дозвола за работа.
„Заводот е регионален центар и ги покрива општините Битола, Ресен, Кичево и Деми Хисар. Предноста ќе биде што кавалитетно и за многу кратко време ќе се добиваат резултати што сега ги носиме во Скопје и ги чекаме. Инаку е планирано да прерасниме и во регионален, што значи Прилеп и Охрид да ги тестираме овде. Имаме стручен кадар од два тиме, двајца доктори и четири лаборанти кои ќе бидат во снмени. Почнуваме со капацитет од 50 тестирања и со можност во иднина да го заголемиме капацитетот“, рече директо9рката Елиузабета Крстевска.
Градоначалничката Наташа Петровска изјави дека ова е доказ дека можат да се направат сериозни чекори напред кога бизнис заедницата и локалната самоуправа синхронизирано соработуваат.
„Во исклучително сезнитивен период кога се соочуваме со пандемија се отвора оваа лабораторија која е од исклучително значење за Битола но и за целиот регион зашто навременото согледување на ситуацијата и здравствената состојба е најдобрата превентива за да нема загрозување на други граѓани“, рече градоначалничката Наташа Петровска.