АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Непознати сторители потуриле со боја бисти од партизани кои се дел од алејата на спомен обележјата на учесниците во НОБ на Шеталиштето во Битола. Премачкани со бела, сина и жолта боја се бистите на Фана Кочовска Цветковиќ, Вангел Нечевски Тунелот, Славко Лумбарковски, Трајан Белев, Богоја Фотев, Кочо Десано
"ОО на СБМ-Битола го осудува овој чин и апелира во иднина да не се повторат вакви дејствија затоа што овие борци се луѓе кои се бореле за слободата и мирот и заслужуваат вистинска почит. За овој настан е известено ЈП „Комуналец“-Битола со цел отстранување на бојата од спомен-бистите", велат од Сојузот на борците
Ова не е првпат да се уништиваат спомен бистите на партизанит. Се случувало во повеќе наврати да се сквернават, обезглават или искршат, но, досега не е откриен сторител на ваков вандалски чин
Е.М.