АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека е задоволен како се справува со оваa здравствена криза Клиничката болница во Битола. која е регионален центар за пацинти заболени од КОВИД-19. Во моментот има 32 хоспитализирани пациенти, од нив 2 се од Битола, а останатите од околните градови, потоа на болничко лекување се10 суспектни за кои се чекаат резултати. На Инфкетивното одделение има уште 3 слободни кревети, со потенцијална можност на располагање да бидат ставени 20 болнички места доколку затреба.
-Не очекувам зголемување на бројот на заболени, еве денес нема новодијагностицирани пациенти, а во Битола бројот на пацинети е мал. Кадарот е навистина на висина на задачата, лекарите, врвни експерти, со огромно искуство, врвно ја вршат својата работа, пожртвувано. Од почетокот на оваа недела ставена е во функција и лабораторијата во рамките на Центарот за јавно здрваје, која сега ќе прави анализа за вирусот. Досега брисевите беа праќани во лабораторијата на МАНУ, а резултатите се добиваат истиот ден, но оваа лабораторија е значајна придобивка затоа што ќе може да опслужи поголем број граѓани. За време на посетата ќе поразговараме со менаџментот и колегите за бројните предизвици со кои се соочуваат, и начинот на кои шо тие можат да се надмната, за здравсвената услуга да биде на соодевтно ниво, рече министерот
Одговарајќи на прашање на апла.мк, Филипче, изјави дека и медицинскиот персонал ова лето ќе може да го користи годишниот одмор, затоа што има право на тоа, а здравстените работници се проеморени во оваа тримесечна битка со вирусот.
- Во овај момент многу се потребни инфектолозите. Но, имајќи во предвид дека тие од почетокот на кризата деноноќно работат, а има само 25 во државата, тоа значи дека можат да користата годишен одмор, но ќе се направи соодветен распоред во рамките на секоја јавна здравствена установа во договор со менаџментот. Апсолутно и на здравствените работници им е потребен одмор, но нема да се загрози функционирањето на било која јавна здравствена установа, додаде Филипче
Тој вели дека со отворањето на границите не се очекува зголемување на бројот на заболени, доколку граѓаните ги почитуваат мерките, посебно носење заштитна маска и додава дека во целиот свет мерките олабавуваат, а границите не може да бидат затворени долго време.
-Доколку се почитуваат превентивните мерки за носење маски и одржување дистнаца, овај ризк се сведува на минимум. Граѓаните мора да се свесни дека тоа е едниствениот начин, не само кај нас, туку во сите земји, а за што добивме потврда од експертот од СЗО, кој во овој момент престојува во нашата земја и има бројни состаноци, со разни чинители. Тоа се практично мерките со кои целиот свет се враќа во функцја, не може ниту една земја во светото да живее затворена, со затворени граници. Да бидам многу конкретен, сметам дека отворањето на границите, со таа контрола што ја имаме со термални камери на аеродромите, со онај начин на анкетирање на патниците при влез во земјава, сметам дека не е ризк за зголемвање на бројот на заболени, рече Филипче при денешната посета на битолската болница.