2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ВО РЕСЕН ДЕНЕС 12 НОВИ БОЛНИ ОД КОВИД-19, ЕДЕН ПОЧИНАТ, ВКУПНО ЗАБОЛЕНИ 87

Јуни 25, 2020

За 15 дена бројот на зболени од коронавирус во Ресен се искачи на 87, од кои само во денешниот ден има 12 нови случаи со ковид­­- 19 и едно починато лице. Дури кај 85 од заболените болеста е во тек. Откако во Леарницата за алуминиум и цинк во Ресен денес има и еден новозаболен од вработените, утре ќе се прави скрининг на сите 30 вработени. Во оваа општина над 300 лица се ставени под здравствен надзор како контакти на позитивните лица со место на живеење во Ресен.

 

­

Градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски изјави дека во консултации со Центарот за јавно здравје дале препораки до фабричките капацитети да го одложат отпочнувањето со работа за уште пет дена. Дел се согласни, но дел ги известиле дека поради роковите за испорака ќе мора да отпочнат, но со редукција на вработените и со примена на мерки за заштита.

Инаку, Гошаревски вели дека и новозаболените се всушност лица кои биле под надзор откако во нивните семејства веќе имало позитивни случаи. Пацинетите од Ресен кои се хоспитализирани во Битолската болница се пред сѐ лица со хронични проблеми.

Општината од Директцијата за заштита и спасување добила 60 пацинети со хигиенски средства за социјално загрозени лица и оние кои се во изолација. Воедно лекови и хранa им се доставува редовно на лицата кои се болни, а се во домашни услови и оние кои се во изолација.

..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани