2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Вандали дивееле во градинката "Росица" во Буковски ливади, никој од соседите не ги спречил

Јуни 25, 2020

Вандали дивеле на влезот од градинката "Росица"  во населбата  Буковски ливади во Битола. Со недолични содржини исчкртана е влезната врата и фасадата, а украдени се и бекатон плочките од патеката која води до влезот. 

Од градинката претпоставуваат дека овој вандализам е направен пред десетина дена додека се чистеа, уредуваа и дезинфицираа другите објекти. Чудно е тоа што никој од соседите не пријавил.

"Вандализам и уништување на влезот на установа во која се згрижени вашите најблиски, а утре можеби и вашите деца, внуци, нашите најмили. Установа во која се работи со многу љубов и посветеност. Срамота! Каков пример давате на децата кои ви ги згрижуваме", напишаа вработените на ФБ профилот на ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара"

Прозорците се исчистени, фасадата ќе биде исфарбана, а КЈП "Нискоградба" ја обнови  патеката уништена од засега непознати вандали, велат за апла.мк од градинката 

-Додека некој чисти, уредува, црта и ги разубавува објектите со огромна љубов и посветеност, некој немилостдно руши и уништува, велат од градинката

Од градинката велат дека ова не е првпат насилници да го уништуваат овој објект, а безброј пати се менувани прозорците на влезната врата.

Е.М.

FB IMG 1593115102125

FB IMG 1593115107392

FB IMG 1593115112868

FB IMG 1593115117464

FB IMG 1593115121301

FB IMG 1593115125183

FB IMG 1593115129105

 

FB IMG 1593115135092

FB IMG 1593115143659

FB IMG 1593115155220

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани