АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битката со коронавирусот на 41 годишна возраст ја загуби ресенчанецот Илче Котевски, претседател на Ракометниот клуб „Преспа“ од Ресен. Спортисти, колеги од цела Македонија, навивачи и други негови сограѓани со неверување се збогуваат со нивниот сосед, пријател, колега чиј живот згасна предвреме.
Ракометниот клуб „Преспа“ на својата фејсбук страница објави тажна вест за сите свои приврзаници дека ги напушти нивниот брат,другар и претседател на клубот. Спортисти и од РК „Младост“ од Богданци испратија сочуство со зборовите „ракометот денес остана без голем борец и еден од најголемите спортски работници“. Се огласи и навивачката група „Патриоти“ од Ресен пишувајќи дека Котевски бил миленик на публиката, најголем пријател на навивачите и дека легендите вечно живеат.
„Не можам да поверувам, ете сега верувајте или неверувајте постои таа смртна болест, другар беше голем... Сите имаа желба да се врати здрав и жив секогаш насмеан“, пишуваат неговитре пријатели.
Котевски е ресенчанецот за кого пред неколку дена се бараше крвна плазма на социјалните мрежи. Беше објавено дека Д-р Мирослав Бошковски д од Куманово на 35 години донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент од Ресен. Но, за жал, не помогна ни тоа..