Webp.net gifmaker

Еден новозаболен и еден оздравен пациент во Битола

Јуни 26, 2020

Еден новозаболен пациент со КОВИД-19 е регистриран денеска во Битола и еден оздравен битолчанец. Со ова вкупниот број на заразени во  Битола е 43.

Во Ресен денес има 4 новозаболени лица, со што бројот на позитивни е 91. И овде е регистриран 1 оздравен, но досега тројца ресенчани починале КОВИД-19 

Еве го денешниот здравствен билтен на Министерството за здравство

Во последните  24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.

 
- Скопје 70
- Куманово 2
- Дебар 6
- Штип 14
- Прилеп 2
- Тетово 25
- Струга 4
- Велес 2
- Битола 1
- Охрид 9
- Кавадарци 3
- Гостивар 11
- Струмица 1
- Крива Паланка 2
- Кочани 3
- Свети Николе 4
- Ресен 4  
 
Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на  15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни. 
 
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.
 
- Скопје 6
- Куманово 1
- Штип 16
- Прилеп 1
- Тетово 9
- Велес 2
- Битола 1
- Гостивар 2 
- Кочани 1
- Ресен 1 
 
Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани