2win800x200

Блиц интервју со Горан Козаров-Нема неостварени соништа, но има луѓе кои се откажале на половина пат

Јуни 28, 2020

 

Блиц интервју со Горан Козаров, кандидат за пратеник на СДСМ во петтата изборна единица. Козаров по професија е машински инженер, магистер по индустриски менаџмент.

Средното образование го започнал во Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола, а го заврши во Атланта,  Соединетите Американски Држави. Козаров зад себе има 23 годишно работно искуство како вработен во „Телеком“, додека во 2017 е назначен за директор на ЈКП „Водовод“-Битола.

 

Апла-Кажете ни на кратко за Вашето битолско потекло, имате ли предци кои придонеле за Битола?

Козаров-Моите родители се долго време во Битола, мојата мајка е родум од Ресен, а татко ми од потпелистерското село Ниже Поле. Многу членови генерациски меѓу кои и моите родители имаат свои заслуги во своите области на живот со кои допринеле за градот.

106182261 683732268843384 1974359452569871282 n

 

Апла-Што ви го исполнува слободното време?

Козаров-Скоро и да го немам, но кога го имам тоа е квалитетно поминато време со мојата фамилијата.

 

Апла-На кои мигови од животот често се навраќате?

Козаров-Безгрижните денови од мојата младост, како дете кога шетавме низ градот играјќи разно разни игри, шетањето по Тумбе Кафе, трчањето околу Битолската касарна која беше полна со војници, игрите во школскиот двор на моето основно училиште „Гоце Делчев“, скијањето на Пелистер со ски клубот „Пелистер“, големите патувања кои ги правевме со истиот клуб. Излегувањето во своевремено актуелните кафулиња -Бела Ми, 2Ф, Холивуд, на кои денес со носталгија можеме да се сеќаваме, излегувањето во старата Битолска чаршија, спортскиот натпревар помеѓу Пелистер и Вардар вечното незавршеното дерби ...

82057881 191342238963239 2485029861739038582 n

 

Апла-Што беше пресудно  да влезете во политика?

Козаров-Уште во далечната 1997 година,  како младинец пристапив во редовите на  СДСМ. Таа беше година на политички пресврт и бев згрозен од некои работи кои ги гледав на политичката сцена, тогаш сфатив дека моето место е во редовите на СДСМ,  бидејќи правецот на политичко делување и начин на водење на државата и моето размислување, сфаќање е социјалдемократијата, и е токму таму. До ден денес останав лојален на социјалдемократијата, сепак несогласувајќи се со сите одлуки за кои јас лично жестоко сум дебатирал.

 

Апла-Омилен Настан од кариерата и настан кој сте го поднеле тешко?

Козаров-Кога премногу долго работите и се залагате за напредок во својата политичка кариера се качувате полека по скалилата нагоре по ПС, а  сите знаеме како е патот во политиката. Кога ќе постигнете некој успех или заминете едно скалило нагоре, задоволството е големо, и еден таков успех кој можам да го издвојам беше советничкиот мандат во Советот на Општина Битола 2013-2017 година. Едно прекрасно искуство кое ми послужи за лична и политичка надоградба за денес да сум она што сум.

Сите сопки и препреки  за успех се моменти  кои релативно добро ги прифаќам, и тие ми се мотив за уште повеќе работа и да докажам дека сум во право, во даден момент.

Во приватниот живот она што  најмногу ме погоди е смртта на мојата мајка.

 

69591265 2696064477385035 6794597497139270646 n

 

Апла- Имате ли Хоби? Како ги полните батериите?

Козаров-Хоби имам, и тоа е се што ми ги трга мислите од секојдневието, сакам пешачење кое во последниот период  го практикувам се помалку, го сакам времето поминато со пријателите на кафе на нашиот Широк Сокак, екстремни спортови, ракомет, кошарка, возење велосипед, се што е поврзано со спорт и рекреација. Батериите ги полнам со вакви активности, но најмногу во дружба со мојата фамилија која ми е приоритет во животот и да не го заборавам моето милениче- кучето Феникс.

 

Апла-Која книга ви е омилена и зошто?

Козаров-„Не свети а Свети“ е една од книгите кои сум ги прочитал неодамна и ми остави голем  впечаток. Интересна област, (прочитајте ја и самите откријте) далечна од она што го читам јас, но самиот стил на кој што е напишана и темата која ја третира е многу интересна. На моменти на  некои делови се навраќав по повеќе пати, ги препрочитував и интересно е што со секое читање на истиот дел оставаше и отвораше различно гледиште на работите. Исто така е посебна, бидејќи е со посвета од една многу драга личност која остави впечаток во мојот живот.

 

Апла-Дали доколку станете пратеник би заминале од Битола?

Козаров-Никогаш не би заминал од Битола посебно НЕ додека сум пратеник,  бидејќи битолчани ќе ми ја дадат својата довербата јас да ги претставувам во Парламентот и тоа ќе биде големо изневерување за гласачите, а не е мој стил.

 

Апла-Кое е мотото на вашиот живот?

Козаров-Нема неостварени соништа, но има луѓе кои се откажале на половина пат од истите.

106078133 600769937501918 7943395089408913945 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани