2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Од 11 новозаболени битолчани, пет се од познат кластер на работна организација

Јули 15, 2020

 

12 битолчани во моментов  се хоспитализирани, а 29 се на домашно лекување позитивни на КОВИД-19, велат од Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов активни се 4 кластери, три фамилијарни и еден кластер е поврзан со работна организација. Од вкупниот број на денешните пријавени случаи (11), 5 припаѓаат на веќе познат кластер поврзан со работна организација, 3 даваат податок за контакт со позитивно лице, а три лица не даваат податок за поврзаност. Најголем број од новозаболените се на возраст од 50-59 години (5), тројца се на возраст од 20-29 години, и по еден од возрасните групи 30-39, 40-49 и 60-69 години. Од контактите на денешните регистрирани случаи во Битола, за 24 лица е даден предлог до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат) за здравcтвен надзор и домашна изолација. Денес регистрирано е едно оздравено лице во Битола кое беше на домашно лекување. До денес регистрирани се 41 оздравено лице.

 

Проследете ја информација од Центарот за јавно здравје од 15.07.2020 во целост.

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 15.07.2020 година земени се вкупно 1462 брисеви за COVID-19 (828 по епидемиолошки индикации, 304 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг).

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 317 лица, од кои 84 се со место на живеење во Битола, 82 во Кичево, 12 во Демир Хисари 139 во Ресен.Според исходот на заболувањето кај 197 лица болеста е во тек (41 од Битола, 70 од Кичево,75 од Ресен и 11 од Д.Хисар), 113 лица се оздравени и кај 7 лица болеста имаше смртен исход.

Во Битола од вкупниот број на активни случаи (41), 12 лица се хоспитализирани, а 29 се на домашно лекување. Во моментов активни се 4 кластери, три фамилијарни и еден кластер е поврзан со работна организација.

Од вкупниот број на денешните пријавени случаи (11), 5 припаѓаат на веќе познат кластер поврзан со работна организација, 3 даваат податок за контакт со позитивно лице, а три лица не даваат податок за поврзаност. Најголем број од новозаболените се на возраст од 50-59 години (5), тројца се на возраст од 20-29 години, и по еден од возрасните групи 30-39, 40-49 и 60-69 години. Од контактите на денешните регистрирани случаи во Битола, за 24 лица е даден предлог до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат) за здравcтвен надзор и домашна изолација. Денес регистрирано е едно оздравено лице во Битола кое беше на домашно лекување. До денес регистрирани се 41 оздравено лице.

Во Ресен денес нема регистрирано нов заболен, а се регистрирани 2 оздравени лица. Вкупниот број на оздравени лица изнесува 61.

Во Демир Хисар денес има регистрирано 3 нови случаи. За 11 лица поврзани со денешните нови случаи е даден предлог до ДСЗИ за здравствен надзор и домашна изолација.

Во Кичево денес има регистрирано едно новозаболено лице, а едно лице е регистрирано како оздравено. За три лица поврзани со денешниот случај е даден предлог до ДСЗИ за здравствен надзор и домашна изолација.

ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани