2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Половина век „Илинденски денови“, дури има битолски кадри ќе опстојува и фестивалот

Јули 21, 2020

„Ќирил Танчевски велеше овој фестивал не може да опстане ако не го водат битолски кадри. Мора да има битолски кадри и да создава битолски кадри“, изјави Валентин Соклевски, селектор на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ на прес конференција по повод 50 јубилејно издание кое започнува утре.

„Поради тоа имаме случаи некои битолски фестивали повеќе да не се битолски зашто не оспособија кадровска структура. Фестивалот настојува да обезбеди кадровска структура и во Битола и во цела држава. Затоа семинарот го продолжуваме, иницираме лица од Битола да студираат на етнологија, етно-кореологија и да се вклучуваат во организацијата на фестивалот. Дури имаме кадровска структура што ќе работи, фестивалот ќе живее“, рече Соклевски.

Тој се осврна на почетоците на Фесивалот.

„Првиот фестивал на народни песни и игри во Битола се одржал 1947 година и постигнал огромен успех, нешто продолжило во Штип и Скопје ’48-ма и ’49-та, но поради непознати причини биле укинати. Во шеесетите години голем број на интелектуалци и културни работници заклучиле дека нешто недостиган на музичко –сценската дејност во Македопнија. Недостигала репрезентативна сцена за презентација на изворниот, автентичен фолклор. Во шеесетите години и почетокот на седумдесетите е дефинирано во кој правец ќе се развива културата во Битола. Тогаш се сите идеи за фолклорен фестивал, за Браќа Манаки, за изложби. 1971 година се одржал првиот фестивал Илинденски денови со голем успех , тоа придонело во 1973 година да се воспостави установата на народна култура Илинденски денови –Битола и на професионлен начин да се раководи и да работи овој фестивал до денес“, рече Соклевски.

Наместо со дефиле низ Широк Сокак и големите концерти на народни игри и песни, поради превенција од ковид-19, Фестивалот утре ќе се отвори со изложба на фотографии 50 години ЦИОФФ „За животот на традицијата“ во 20 часот во Центарот за култура. Дел од програмата во следните девет фестивалски денови ќе се изведува онлајн, а дел во живо.

„Културата не може да биде на респиратор сѐ додека има луѓе кое ќе работат до последниот ден и до последниот уметник. Онлајн ќе биде детската ликовна работилница, Семинот на традицонална песна и игра, интернационалните вечери публиката ќе може да ги следи на социјални мрежи и јутјуб каналот на Центарот за култура, во Магазата во 21,30 часот ќе се прикажуваат настапи на интернационални и групи од нашата земја кои ни испратија видео материјали, па танцот што годинава ќе ни недостига на сцената во Битола ќе го гледаме онлај“, рече Маја Андоновска Илијевски, директор на Центрот за култура, организатор на Фестивалот.

Во живо ќе се одржи Саем за книги пред Центар за култура на дела инспирирани од фолклорот и народната традиција и повеќе изложби. Публиката во ограничен број и со почитување на сите протоколи ја очекуваат четири концертно- вокални вечери во Пациото во Завод и музеј на кои ќе настапат ансамбли, културно-уметнички друштва, музичари. На 27 јули со почеток од 20,30 часот во Пациото ќе настапи Ансамблот „Македонија“ од Скопје, на 28 јули во исто време на исто место Они „Рудина“ од Битола, КУД „Дримкол“ од Вевчани, „Бисер“ од Кичево, ФА „Китка“ од Истибања. На 29 јули на програмата е концертот „ Фолклорен мозаик“ со Бајса Арифовска кларинет, Душко Георгиевски вокал и флејта , Ратко Даутовски ударни инструменти, Благоја Алачки гитара и тамбура, Емил Адамовски кавал и акустичен бас. И за заокружување на фесивалот на 30 јули концертот „Од душата на традицијата“ на кој ќе настапат Благојче Трајковски кларинет, Елена Андоновска вокал, Група „Фонтана’’ и пријателите.

Доколку состојбата со коронавирусот попушти Фестивалот ќе биде заокружен во октомври со Монографија и голем концерт на „Танец’’ кој сега требаше да се одржи на Хераклеја.

Во рамки на Фестивалот ќе биде објавена и научна публикација како соработка на „Илинденски денови“ со Македонското научно друштво од Битола кое слави 60 години постоење, во која ќе бидат објавени 16 научни трудови на истражувачи поврзани со полувековното опстојување на Фестивалот за народни песни и игри.

Во изминатите педесет години на Фестивалот настапиле илјадници играорци и стручни лица, а милионска публика ја проследила програмата.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани