2win800x200

Продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, има повеќе оздравени, информираат од Министерство за здравство

Август 12, 2020

 

Продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување на бројот на оздравени лица, според податоците во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, за периодот од 3 до 9 август, 2020 година,информира денска Министерството за здравство.
Во овој период, вкупно се направени 9.543 тестирања, што е за 1.8% помалку од периодот од 27 јули до 2 август.
Исто така, се регистрирани 816 позитивни случаи на Ковид-19, што претставува намалување за 10.5%, споредено со претходната недела.
Во овој период е регистрирано и намалување во процентот на позитивни од вкупниот број тестирани случаи, кој изнесува 8,6%, во споредба со последните две недели кога позитивни биле 9,4%, односно 10% од тестираните.
Новозаболени се регистрирани во 26 градови, најголем процент има во Скопје (31,4%), во Штип (11,3%) и во Гостивар (10,4%), додека во 16 градови во земјата, за истиот период, се регистрирани под 20 новопотврдени случаи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани