Денешните случаи на ковид-19 се на возраст од 31 и 46 години

Август 12, 2020

Новозаболените во Битола  се на воздраст од 31 и 46 години, стои во извештајот на ЦЈЗ Битола. 

-Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се регистрирани 8 нови случаи на COVID-19 :

- 2 во Битола (лица на возраст од 31 и 46 години, едно лице дава податок за контакт со веќе регистрирано лице);
- 2 во Демир Хисар (лица на возраст од 51 и 52 години);
- 4 во Кичево (лица на возраст од 19, 57 (х2) и 65 години, само едно од новорегистрираните лица дава податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице, поврзани во помал фамилијарен кластер).

Во Ресен нема новорегистрирани лица.

Денес регистрирани се и 17 оздравени лица (7 од Битола, 6 од Кичево, 4 од Д. Хисар), велат од Центар за јавно здравје- Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани