АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На националното првенство за младинци кое се одржа во четвртокот на арената „Тоше Проески“ битолскиот атлетски клуб „Олимп“ настаспувајќи со двајца талентирани млади атлетичари успеа повторно да е искачи на врвот во дисциплината трчање на 400 метри.
Христијан Котевски, кој трчаше на 400м и успеа да го освои првото место со рушење неговиот најдобар резултат на оваа дисциплина за цели две секунди односно 54.77. Наталија Чона настапи на 400м и го освои 2 место со нов личен рекорд 68.90.
„Овие деца, се новите ѕвезди на битолската атлетика“, велат од АК „Олимп“, а со многу посветеност се водени од нивниот тренер Демир Даутовски.
„Атлетиката која важи за кралица на спортовите, по која Битола одамна е позната, не смее да се заборави“, велат од АК „Олимп“.