АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во денешната математичко статистичка анализа, универзитетскиот професор Дејан Трајковски, констатира дека опаѓа стапката на смртност од коронавирусот во Македонија. Ако продолжи овој тренд можеби ќе фатиме приклучок со Европа, каде има многу ниско ниво на смртност, вели Трајковски
"Стапката на смртност продолжува да опаѓа (летото очигледно сé уште не завршило), па 7-дневната просечна стапка на смртност е речиси на апсолутниот минимум. Денеска изнесува само 2,04%, односно во изминатите седум дена умрел секој 50-ти дијагностициран пред 8-15 дена. Ако продолжи овој тренд можеби ќе видиме и нов рекорд во наредните денови. Така и ние би фатиле приклучок со Европа, каде што смртноста е на многу ниско ниво веќе цели два месеци. Во Германија, на пример, иако има многу новодијагностицирани болниците се практично празни и нема смртни случаи" пишува проф.д-р Дејан Трајковски.