2win800x200

РОЗИ СРЕДЕ ЗИМА ЦВЕТААТ КАЈ ЦРКВИЧКАТА „СВЕТИ АТАНАСИЈ“ ВО СМОЛЕВО

Јануари 31, 2018

Репортажа за тоа како настана и опстои до денес црквичката и ова излетничко место...

 

Илјадници верници денес во чест на христијанскиот празник Свети Атанасиј  ја посетија истоимената црквичка кај месноста викана Смолево.27583026 339773303172709 2011858163 n

„Некогаш тука фрчеа куршуми, а денес одмараат излетници и доаѓаат верници. Некогашниот воен полигон за гаѓање на ЈНА го претворивме во едно од најпосетените излетнички места во околината на Битола“. Вака за местото Смолево зборува Владе Самарковски, еден од групата ентузијасти со потекло од битолското село Лавци кои му го променија ликот на местото. Благодарение на нивниот труд, на оваа локација реновирана и овој пат во мир се издига црквата Свети Атанасиј. Таа низ годините  беше најголемата жртва на воените вежби. Иако не беше мета, во нејзините ѕидови често пати завршуваа залутани куршуми. Задната страна и беше изрешетена.места за гаѓање со пушки

(места за гаѓање со пушки во периодот кога војската била тука)

-Кога ЈНА владееше овде немавме пристап. Со подигнато знаменце не преуредуваа дека гаѓањето е во тек и забрането е минување. Луѓето од селото реагираа дека местото е вакавско од памти век, но војска како војска, не можевме да направиме ништо. И во тоа време постоеше црквата. Не беше реновирана, а во задниот ѕид ќе избегаше некој куршум  - вели Самарковски.

Дека местото некогаш наликувало на вистински фронт и денес сведочат зачуваните ровови во кои се криела војската при фрлањето со минофрлачи, како и лежиштата за гаѓање со пушка. Околу црквата останати се дваесетина длабоки и тесни циментирани ископи под земја во кои се криеле дел од војниците за време на обуките. Денес некои од нив служат како збиралишта на испаднатите лисја од околните дабови. Дел се празни, па им ја задоволуваат љубопитноста на излетниците да слезат долу по металните шипки.

-Тука некогаш држевме воена обука за напад. Имаше мети за стрелање,  лежишта за гаѓање со пушка, ровови. Не смееше пиле да прелета. Покрај обуката се одржуваше и ноќно гаѓање од страна на војната полиција и армијата- ни рече еден од битолчаните во Смолево.црква

По заминувањето на Југословенската народна армија во 1991 година, местото го наследи македонската војска. И таа додека ја користеше  битолската касарна, стрелиштето до црквата го употребуваше како воен полигон. Кога имаше гаѓање армијата оставаше по некој војник да им кажува на локалното население дека е опасно и да не минуваат од таму. Откако АРМ ја напушти касарната и војската беше префрлена во Кичево, настапија мирните делви за Смолево.

-Заминаа војските, а црквата ја затекнавме оштетена, нереновирана. Се зафативме со работа. Анагажиравме само двајца мајстори, другото го подигнавме со наши раце. Ја направиме фасадата, покривот, внатре ја уредивме . Поставивме маси столици, го пошумивме местото. Реновирањето на црквата финансиски го помогнаа жителите од село Лавци оддалечено на два километри од храмот- раскажува Богоја Мојсовски, битолчанец по потекло од Лавци.

Лавчани за местото и црквата биле поврзани уште од турско. Се раскажува дека пред многу векови со тоа место владеела некоја анка која имала голем чифлик. Иако била муслиманска, дозволила рајата да подигне манастир за да има место каде ќе се моли. Кога Турците заминувале жителите на село Лавци го купиле местото со заеднички пари. Бидејќи било скапо го собрале и семејниот накит за да го докупат.

                Денес местото е во сопственост на црквата и општина Битола. Но, на групата ентизијасти им се дозволува да го одржуваат. Смолево прерасна во едно од најпосетените места за рекреација во Битолско. Тоа е дестинација каде редовно застануваат да одморат планинарите што се искачуваат на врвот Неолица на Баба Планина виок 1440 метри. До црквата извира вода, која посетителите ја пијат верувајќи дека помага при лекување на болести на главата и од уплав кај малите деца. Водата која извира тука се смета дека е од изворите Дванаесет кладенци кај Нолица.

Смолево има специфилна местоположба, па се случува додека Битола е стегната во магла, таму среде зима да пукне пролетно време. Така во зима цветаат рози.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани