Физиотерапевт од Битола е позитивен на Ковид-19, но според Центарот за јавно здравје во Битола досега нема докажани позитивни лица кои биле во контакт со терапевтот.
-Физиотерапевтот, кој е Ковид-19 позитивен од 22.09. една недела предходно во Скопје бил на средба со неколку спортисти и спортски тренери. Еден од присутните веќе наредниот ден е со симптоми на Ковид19 инфекција и има позитивен тест. Останатите двајца имаат позитивен тест на 19.09. Според епидемиолошката анкета, тројцата со кој бил на средба терапевтот имаат симптоми и позитивен Ковид19 тест пред него. До сега нема докажани позитивни лица кои биле во контакт со терапевтот, потврдуваат за Апла.мк од Центарот за јавно здравје во Битола.