Webp.net gifmaker

Мото протест за поддршка на суспендираните полицајци од Битола

Септември 30, 2020

Двајцата полицајци од Битола кои завршија со суспензија да се вратат на работа, а понатаму институциите како што се Одделот за внатрешна контрола, Јавното обвинителство и судовите да донесат соодветна одлука заснована на факти, побара Независниот синдикат на полицијата на денешниот мото протест во Битола.

 

Припадници на Независниот полициски синдикат со возила на кои се вееја македонски знамиња, свирејќи, два часа вртеа низ битолските улици барајќи надлежните да ја преиспитаат одлуката за супсензија на двајцата полицајци од Битола. Тие беа инволвирани во настанот од пред десетина дена кога едниот од нив истепа битолчанец од ромска етничка припадност откако со возило удри во електричен столб кај Поштата во Битола, а другиот не презеде мерки за да го спречи насилството.

Гоце Делчев Тодев претседател на Неависниот синдикат на полицијата побара институции при донесувањето на конечната одлука да ги земат во предвид сите факти, па и втората снимка која излезе на социјалните мрежи на која, како што рече, се гледа дека едно од лицата се дрзнало да влезе во конфликт со полицијата.

„Според наше видидување постапувале соодветно, односно законски, но се случува од психолошки аспект момент во кој самиот полициски службеник се доведува во ситуација да стане, му се врати и се случи поголема беља. Мора да сме реални и да го земеме во поредвид сето она што го предизвикал граѓанинот, дали е тој Ром, Македонец или Албанец, не станува збро, туку станува збор за лице кое влегува конфликт со полициски службеник на кој условно кажано му оди преку глава цела ситуациј и моментот во кој се наоѓа. А психолошки влијае врз него и тоа што околу него се појавува поголема група на граѓани и мора да се земат во поредвид сите факти. Осудата за нив значи и осуда на нивните семејства“ рече Делчев Тодев.120486678 3522235887840067 8302783769627771585 n

120567428 768494157281895 9042625344219640363 n

120580836 389318189127575 4380742400593232125 n

поли

 

120486647 329678055006768 2732529447578569502 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани