АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Неколку стотици битолчани се приклучија кон протестот организиран за поддршка на суспендираните полицајци од Битола. Битолчани се собраа пред споменикот на Стив Наумов, а потоа продолжија да се движат низ Широк Сокак и завршија пред Јавното обвинителство и СВР. Нивните барања се повлекување на кривичните пријави и дисциплински постапки против суспендираните полицајци од инцидентот пред десетина дена. Носеа транспсрентни на кои пишуваше „Законот е еднаков за сите и пред законот сме сите еднакви“. Претставници од битолчаните кои протестираа положија цвеќе пред споменикот на закинатите полицајци од конфликот во 2001 година кој се наоѓа во дворот на СВР Битола, на што присутните граѓани возвратија со аплауз.
На протестот беше упатено и писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во кое побараа да го слушне нивниот глас и да ги исполни нивните барања. Во писмото се вели дека на полицијата основна задача му е да се грижи за сигурноста и безбедноста на сите граѓани во државата, а за жал, во последниот период се позачестени се нападите врз полициски службеници, вербални и физички,од поединци, групи, институции, а некои и конструирани за да ја деградираат и омаловажат и обесхрабрат полицијата.
„Ние тоа нема да го дозволиме. Како граѓани сме згрозени од сите монтирани, спинувани објави што се појавија по медиумите и од лавината недолични коментари што се истурија по социјалните мрежи. Сакаме да ја искажеме довербата што ја имаме кон полицијата. Во тие редови стојат вистински професионалци кои го штитат интересот на граѓаните. Не постојат граѓани од прв и втор ред и никој не смее да биде над законот. Од се што видовме нема ни најмал сомнеж за дискриминација, ни за пречекорување на овластувањата зашто полицискиот службеник секогаш пред себе го има етичкиот елемент и никогаш не напаѓа. Но, должен е да реагира, а не да се претвори во топовско месо или жртва на оние што се стават над законот, а потоа се затскриваат зад некои заедници“, беше речено на протестот.