2win800x200

Вештачкото порибување го загрозува ендемското ракче во Големо Езеро , предупредуваат нуркачите

Октомври 01, 2020

Рибите со кои планинари пред неколку децении вештачки го порибиле Големо Езеро на Пелистер, без да проценат дека можеби ќе предизвикаат штета, сега го загрозува ендемското ракче кое живее во водите на ова глацијално езеро, велат нуркачите кои реалзиирале неколку нуркачки експедиции во ова езеро.

-Потребно е да се изнајде начин и да се воспостави повтроно потребниот природен баланс, затоа што ендемскиот рак на Големо Езеро е загрозен, вели Александар Ацев, познат битолски нуркач член на Спелеонурккачкиот клуб „Врело“.

Четворица нуркачи од овој клуб деновиве остварија трета нуркачка експедиција на Големо Езеро. По првата, во 2012 година која била и истражувачка, нуркачите велат дека секоја следна е голем предизвик за нив, а нуркањето возбудливо.

-Ова алтитудно нуркање бара посебна подготвеност. Големото Езеро е на надморска височина од 2218 метри, имаме процес на аклиматизација, кислородот е поредок, а предизвикот голем, вели Ацев, кој беше дел од оваа експедиција на Големо Езеро

Најголемата длабочина на Големо Езеро е 14,5 метри, а видливоста која зависи од временските прилики, овој пат била 3-4 метри, но може да и помала, доколку времто е облачно или дува ветер. Веќе е познато дека езерото на дното чува остатоци од оружје од двете светски војни.

-На дното има бомби, гранати, шлемови, муниција и други предмети  од Првата и Втората светска војна. Интересно е што има и остатоци од шишиња од вино што го носеле француските војници. Овие предмети остануваат на дното, затоа е што се опасни и не смеат да се допираат, вели Ацев.

Првата експедиција во 2012 година била и истражувачка во соработка со Природно математичкиот факултет од Скопје,  со цел да се земат податоци за седиментацијата и примероци од водата на Големо Езеро, при што биле пронајдени и остатоците од двете светски војни.

 

 

Споделуваме исклучителни фотографии од Спелонуркачкиот клуб „Врело“ направени при нуркачката експедиција на Големо Езеро на Пелистер кое е на надморска височина од 2218 метри

 

120453840 10223078970058984 6954012258346725862 o

120455160 10223078970418993 1959857574540919653 o

 

120455919 10223078912817553 5017524352927324496 o

 

120394000 10223078965178862 225333597361554838 o

 

120394000 10223078989539471 5062706560259379796 o

 

120396439 10223078965418868 7155182650101309164 o

 

120400926 10223078966618898 5766683542029349752 o

 

120404776 10223078933458069 6985280022379766668 o

 

120405562 10223078992699550 1503865862765073621 o

 

120427270 10223078964458844 2882791094087969972 o

 

120428146 10223078937138161 5696323351793234155 o

 

120434056 10223078913017558 1079067278382064073 o

 

120434165 10223078937938181 6798211660814830055 o

 

120434165 10223078963938831 1566467783870657102 o

 

120439220 10223078989779477 544540156605565221 o

 

120497700 10223078989819478 8285726392418642407 o

 

120446773 10223078916417643 819766329428271447 o

 

120512490 10223078966978907 5702404084548061176 o

120527589 10223078965698875 6886689835926281004 o

 

120532934 10223078964058834 7656633766198939711 o

 

120552467 10223078967178912 4208691152503587058 o

 

120552740 10223078962458794 8081198352195932022 o

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани