2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Потребна е широка акција за детектирање на заостанатите неексплодирани убиствени средства на линијата каде минувал Македонскиот фронт во Првата светска војна, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути при денешната посета на локацијата во Битола каде е пронајден досега најголемиот арсенал на гранати на Балканот. На тој начин би се избегнала опасност во каква што се најде Битола во овој слуачај. За ваква акција заинтересирани се да помогнат и земјите кои учествувале во Првата светска војна, а поддршка е потребна и од експерти, вели Максути.

По повод 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна, денеска започна дводневната конференција „Социо-културни аспекти на Првата светска војна“ во организација на НУ „Завод и музеј“-Битола и ЗРАТ Љубојно. Целта на оваа Конференција е да се подигне свеста на јавноста за различни аспекти на Првата светска војна со што ќе им се оддаде почит на сите индиректни учесници и цивилни жртви кои останаа неспоменати во сите воени и историски документи.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани