АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нуркачите од спелеонуркачкиот клуб „Врело“ кои неодамна нуркаа во Големо Езеро на Пелистер со апла.мк споделија исклучително видео направено во водите на езерото. Како што велат, дното крие голем број артефакти од двете светски војни, а покрај бомби, гранати, шлемови, муниција и други предмети, можат да се видат шишиња од вино што Француските војници ги носеле на бојното поле.
И покрај напорите, нуркачите не виделе ниту едно ендемско ракче во водите на Големо Езеро и велат дека тоа е загрозено од рибите со кои пред неколку децении вештачки е порибено езерото од битолски риболовци , без да претпостават дека можеби ќе нанесат штета.
Во следните неколку минути погледнете дел од оваа авантурситичко нуркање на нуркачите од „Врело“ во Големо Езеро