АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
44 годишниот битолчанец кој е во денешната здравствена статистка на починати од КОВИД-19, во понеделникот на 5 септември се јавил за преглед на кардиолог во Клиничката болница во Битола поради стегање во градите, отежнато дишење и покачена температура, информираат за апла.мк од Министерството за здравство.
Бил препратен на пнеумофтизиолог, кој го задржал на болничко лекување, но, пациентот одбил. Лекарот му дал терапија и предлог за домашна излоација, како и тестирање преку матичен лекар.
Следниот ден, во вторникот на 6 октомври, пациентот бил примен на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола како КОВИД позитивен и податок дека веќе една седмица имал температура, тешко дишење и кашлица.
Вчера на 8 октомври, после акутно влошување на сосотојбата и нагло паѓање на сатурацијата во крвта, направил кардиопулмонална инсуфициенција и синоќа починал, инфомрираат од Министерство за здравство., информираат за апала од Здравство.
Нема информација дали, 44 годишниот битолчанец имал хронични заболувања.