2win800x200

Масовна акција за чистење и дезинфекција во Битола

Октомври 10, 2020


На иницијатива на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, во текот на денот се изведува масовна акција за чистење и дезинфицирање во градот. Акцијата ја изведуваат битолските јавни претпријатија, со своја опрема и вработени лица, под координација на ЈП „Комуналец“ Битола.

 

FB IMG 1602333148912
Во основните училишта и градинките, покрај чистењето, се вршеше и дезинфекција на објектите, дворовите и приодите, со механизација и грбни рачни пумпи за дезинфицирање.

 

FB IMG 1602333177576

FB IMG 1602333181045


Вработените во ЈП „Комуналец“ ја чистеа дивата депонија во населба Стрелиште со механизација, односно боб кет и камиони.

FB IMG 1602333196843

 

FB IMG 1602333204721
Во акцијата се изврши чистење и на Градското шеталиште, вклучувајќи го и просторот околу бистите, како и самите бисти на паднатите борци.

FB IMG 1602333161412

Се собираа лисјата и органскиот отпад, а вработените од ЈП „Комуналец“ со посебни средства ги чистеа бистите и просторот околу нив. Со цистерната се изврши миење на шеталиштето..

FB IMG 1602333153001

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани