АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во моментот хоспитализирани се 39 пациенти болни од ковид-19 на Инфективното одделение при Клиничка болница Битола, а директорката Билјана Гагачовска изјави дека има уште слободни места и дека раководството има и планови за понатаму доколку бројките на хоспитализирани лица продолжат да растат.
„Во моментов капацитетите не се целосно пополнети, се' уште имаме празни места, а имаме и планови за понатаму во зависност од тоа како ќе се одвиваат бројките и колку ќе има потреба од хоспитализации. Она што важи за сите здравствени работници, важи и за работниците во Битолската болница. Медицинскиот кадар е навистина изморен, работат без прекин девет месеци од појавата на пандемијата. Вклучени не се само инфектолозите, туку и пнеумофтизиолозите кои цело време работат рамо до рамо со инфектолозите во тријажата и третманот и на сомнителните пацинети и на потврдените. Сега повторно по принципот на ротација поради зголемената бројка вклучени се и интернистите дополнително да помагаат, вклучен е медицински персонал, медицински сестри од другите одделенија ротираат за да помогнат во Инфективното одделение“, рече Гагачовска.
На Инфективното одделение во Битолската болница хоспитализирани се 39 пациенти.
„Состојбата за жал на поголемиот дел од пацинетите е многу тешка, другите се со средно тешка кон тешка состојба. Голем број од нив имаат потреба од перманентна кислородна поддршка што значи дека дополнително е влошена нивната состојба“, додаде директорката.