АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет предложи точка на дневен ред за донација на 10 000 евра на Клиничката болница во Битола за набавка на средства за кислородна поддршка. Доколку точката биде изгласана, средствата ќе бидат префрлени уште денес.
,,Сите знаеме дека бројот на заболени е зголемен и дека се наоѓаме во исклучително сензитивен период во кој треба да бидеме уште поподготвени со технички капацитет. Но, и да останеме дисциплирани како граѓани зашто дисциплината е многу важна во овие околности. Средствата ги донираме за набавка на кислородна поддршка доколку биде потребна во следниот период и на тој начин би овозможиле поголем број на наши граѓани да ја имат таа поддршка зашто очекувањата дека таа ќе биде потребна се повеќе од видливи. Со ова покажуваме уште еднаш дека како Општина остануваме одговорни пред предизвокот и остануваме отворени и понатаму да дадеме поддршка на здравствените институции", рече Петровска.