2win800x200

И во услови на пандемија продолжува реновирањето на училниците во гимназијата „Јосип Броз Тито“

Октомври 30, 2020

И покрај ковид кризата, во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола продолжува модернизацијата на училишните простории, за кога ќе се создадат безбедни услови за физичка настава, ученици да се вратат во училници и кабинети од кои дел ќе бидат подновени. Гимназијата која е сместена во објект стар 138 години, со традиција на образование од 128 години, каде настава на македонски јазик се изведува седум и пол децении во изминатите години се чувствуваше голема потреба од реновирање на училишниот мебел и дограма. Денес беа промовирани уште три новоопремени училници, по првата која беше реновирана со средства на ЕСМ уште во февруари кога Гимназијата славеше 75 години настава на македонски јазик.

„Овие активности се поврзани со подобрување на условите во гимназијата ‘Јосип Броз Тито’. Имавме активности во почетокот на годината кога беше опремена училница од страна на ЕСМ, а кон таа иницијатива се надоврзаа и други бизниси и инститиции. Па, имаме една училница и еден кабинет по информатика опремени од печаницата ‘Киро Дандаро’, Ротари клубот и донација од Германскиот институт. Исто така една училница опреми и Стопанска банка. Општина Битола обезбеди средства за набавката на мебел за четири училници и 5 телевизори што ќе значи целосно опремување на сите училници со телевизори. Вредноста на ивестицијата од Општина Битола е 300 000 денари за училиштен мебел и 100 000 денари за електронска опрема , а без вложени и 370 000 денари за набавка на компјутери, лаптопи и графички таблети кои го олеснаа процесот на настава“, рече Фани Наумовска, директор на Гимназијата.122976707 656330891747759 2903979603991310551 n

123223379 700779747459816 7397525159686565071 n

123213301 276729466942716 116386593634042815 n

123287046 278895463365239 2462163584416007926 n

На денешниот настан беше речено дека Гимназијата го дава јадрото на интелектуалното ткиво во земјава, а оние кои се школувале во овие клупи, се враќаат назад да ѝ помогнат на установата.

„Образованите инстуитуции се најважниот елемент на општественото ткиво. Гимназијата ’Јосип Брозт Тито’ била место, расадник на многу дејци и интелектуалци, местото кое од секогаш било синоним за стекнување на големи знаења и градење на квалитетни личности. Посакувам наскоро во сите училишта да се врати детскиот џагор, а од кризата се надевам дека ќе успееме да излеземе заедно посплотени зашто се она што денес го гледаме преку овој пример покажува дека заедништвото е најважно и само така можеме да одиме сите напред и да имаме прогрес“, рече градоначалничката Наташа Петровска.123325063 758329285027348 4592045575213344893 n

Адвокатот Никола Главинче, како претставник на Ротари клубот рече дека овој клуб од сопствени средства на своите членови и во соработка со компанијата „Киро Дандаро“ успеа да опреми две училници со инвертар и еден кабинет по информатичка технологија со специјализирани маси за компјутерска опрема, персонални компјутери со комплетна опрема и алатки кои ќе му служат на учениците во изведување на наставата по информатика.

Главинче воедно е и автор на книгата „ Академиците и народните херои од Битолската гимназија“ која беше денес промовирана во училиштето.123346148 356104758811002 739123328569303973 n

„Гимназијата во Битола е јадрото на интелектуалното ткиво кое се создава не само во Битола, туку во Македонија. Единствено училиште со 5 народни херои и 18 академици , училиште на кое му посакувам во иднина да дава и нови херои и академици во ова современо време. Повик до сите оние кои имаат време и желба да продолжат да истражуваат во Архивот на Битола, на Музејот и на училиштето за да откриваат нови херои и значајни личности кои со своето делување оставиле трага во времето и на тој начин не задолжиле да ги славиме нивните имиња и дело. Оваа публикација е токму тоа славење на нивното дело и работниот век со што ни овозможиле нас на помладите генерации да одиме по еден посигурен пат“, рече Главинче.123365677 705041513726831 982614382310498074 n

Со излегување на книгата од печат се одбележуваат и 100 години од раѓањето на народниот херој Стив Наумов, кој исто така бил ученик во Битолската гимназија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани